ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата на СДСМ ја зароби целата држава

Хунтата ги гази законите и ја зароби целата држава.  Власта предводена од Зоран Заев ги стави во своја служба  правосудните органи и преку нив врши политички прогон на неистомислениците.

Судовите се под страшен притисок не судат врз база на аргументи туку по диктат на власта. По налог на хунтата на власт монтира случај за тероризам против македонски патриоти и луѓе кои дале и даваат свој придонес во општеството.

Судот неосновано става во притвор актери, режисери, уметници, лекари, пратеници и полицајци само затоа што си ја сакаат државата и не се согласуваат со политиките на власта и Зоран Заев.

Хунтата има за цел да ги заплаши и онеспособи сите кои размислуваат поинаку од власта за полесно да ги спроведе антидржавните политики. Република Македонија повеќе не е демократска држава, власта со секој еден чекор се гази Уставот и ја обезличува државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се газат законите и демократијата во Македонија. Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

  1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
  2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
  3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.