ВМРО-ДПМНЕ: И Дамјановски делел тендери по моделот на Заев

Начинот на работа на кадрите на СДСМ очигледно станува ист. На сомнителното работење на градоначалниците од редовите на СДСМ му нема крај. Освен во Општина Струмица каде Зоран Заев давал тендери на фирми на своите роднини, бизнис партнери и функционери на СДСМ, ситуацијата не е многу поразлична и во Општина Куманово каде градоначалник е Зоран Дамјановски од СДСМ.

 Интегрален текст од прес-конференцијата на Александар Колев од ВМРО-ДПМНЕ:

Ова што денес ќе ви го презентираме преку информации и документи, јасно говори дека Зоран Дамјановски години наназад доделувал тендери на луѓе со кои има јасни и очигледни партиско-политички и лични релации.

1-500

 

Зоран Дамјановски работи по моделот на Зоран Заев. Фирмата на сегашниот директор на ЈП Водовод Куманово, Горан Стојковски, кој е син на поранешен пратеник на СДСМ, добивала големи тендери во Општина Куманово.

Прво бил добавувач, а сега и директор.

Станува збор за фирмата ЕлектроКуманово од Куманово каде што еден од сопствениците е споменатиот Горан Стојковски, син на поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.

2-500

 

 

Горан Стојковски во 2013 година е поставен од страна на Зоран Дамјановски за генерален директор во ЈП Водовод Куманово.

3-500

Фирмата ЕлектроКуманово на Стојковски, во периодот од 2008 до 2010 година потпишала 14 договори за јавни набавки со Општина Куманово. ЕлектроКуманово со овие договори вршела набавка и монтажа на материјали за улично осветлување како и изградба на улично осветлување во Куманово. Преку овие договори кои ги потпишал Зоран Дамјановски, фирмата ЕлектроКуманово од сите 14 договори со Општината се офајдила со неверојатни 14.183.493 денари. Очигледно е дека и Дамјановски го користел истиот начин како на Зоран Заев со доделувањето на тендери на синот на поранешниот пратеник од СДСМ и актуелен директор на ЈП Водовод Куманово.

4-500

 

Ова се цврсти докази дека општините во кои владее СДСМ се користат единствено за испумпување на пари од граѓаните.

 

5-500

Повеќе од јасно е дека како и во Струмица така и во Куманово се доделувале тендери на фирми чии сопственици се луѓе од СДСМ. Нема разлика дали е Зоран Заев или Зоран Дамјановски, моделот е ист.

 

6-500

Додека Општина Куманово и јавните претпријатија се дават во долгови и се претворени во едни од најзадолжените во Република Македонија, со помош на Зоран Дамјановски од парите на кумановчани, со милионски суми профитираат фирми блиски на Дамјановски и СДСМ.

7-500

8-500

 

11-500

12-500

14-500

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.