Македонија

ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ бараат укинување на лустрацијата

ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ бараат укинување на лустрацијата
ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ бараат укинување на лустрацијата

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ поднесоа до Собранието предлог-закон со кој лустрацијата престанува да важи од први септември годинава.

Со тоа, од први септември, Комисијата за верификација на факти нема мандат за покренување на нови постапки за лустрација. Со законот се запираат сите почнати постапки за кои до први септември 2015 година не се донесени решенија од Комисијата за лустрација. Луѓето кои добиле решенија за лустрација од Комисијата нема да можат да работат јавна функција во период од пет години.

– За постапките почнати согласно одредбите на Законот за за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност до први септември 2015 година, а за кои Комисијата за верификација на факти има донесено решенија, ќе продолжат да се применуваат одредбите од Законот за опеделување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност се до нивното конечно завршување – стои во предлогот за престанување на важење на Законот за лустрација.