ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се договорија:Нова влада за економски напредок

ВМРО ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција, како партии кои добија најголема доверба во македонскиот и албанскиот блок, се договорија за формирање  на нова владина коалиција.

Економскиот развој и влезот во Европската Унија и НАТО, ќе бидат во фокусот на новоформирата влада.

Партиите во заедничкото соопштенија во коее информираат за договорот наведуваат дека главни приоритети на новата влада ќе биде евроатлантските интеграции, како и економскиот развој изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции.

„Партиите, согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата. Оттука ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес. Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ќе работат со засилена динамика на зацртаните економски цели. Во периодот кој следи, а согласно програмските и утврдените постулати, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група ќе ги информираат редовно партиите за постигнатите резултати, и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за понатамошните чекори и постапки на  партиите кои ја сочинуваат владата“, се наведува во соопштението.

Преговарачките групи на двете партии продолжуваат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои ќе функционираат партнерите во владата како и за поделба на ресорите.

Партиите при договарањето на оваа коалиција, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, пред се’ ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања,  како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот но и пошироко.