Се зголемува и така огромната разлика на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер, Никола Груевски, имаат огромна предност пред СДСМ, покажуваат податоците од телефонската анкета на Институтот Павел Шатев.

На прашањето за која партија ќе го дадат својот глас на предвремените парламентарни избори, 27,4 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 15,2 отсто за СДСМ. За ДУИ би гласале 6,9 отсто, а за ДПА 4,1 отсто.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 27,8 отсто, ужива најголема доверба меѓу политичарите, додека неговиот опонент, Зоран Заев има само 7,1 отсто доверба меѓу испитаниците. Од албанскиот блок, лидерот на ДУИ, Али Ахмети има доверба од само седум отсто кај граѓаните, а Хашим Тачи од ДПА, 4,3 отсто.

За високи 34,9 отсто од испитаниците ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што би победила на изборите,  додека само 14,1 отсто сметаат дека победата ќе ја однесе СДСМ. Од албанските политички партии, за ДУИ се 7,3 отсто, а за ДПА 4,2 отсто.

anketa-kurir-500

Доколку имаат можност за избор на премиер, огромни 44,2 отсто би се одлучиле за Никола Груевски, додека Заев има двојно помалку со само 21,1 отсто.

Во однос на тоа која партија нуди подобра економска програма, 40,4 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ само 17,1 отсто.

satev500

Повеќе од половина од испитаниците, односно 55,8 отсто од нив, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува своте ветувања дадени кон граѓаните, додека на истото прашање но овој пат насочено кон СДСМ потврден одговор дале само 16,7 отсто.

Кога станува збор за претстојните претседателски избори, 29,8 отсто од испитаниците довербата ќе му ја дадат на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пртседател, Ѓорге Иванов, додека за неговиот ривал од СДСМ тоа ќе го сторат само 16,2 отсто. За Зоран Поповски од ГРОМ својот глас ќе го дадат 2,1 отсто од гласачите, додека за Илијаз Халими 6,9 отсто од нив.

pavel500

Во периодот помеѓу втори и петти април Институтот Павел Шатев на барање на порталот „Курир“ спроведе телефонска анкета на 1.430 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон политичките партии и нивните лидери во Република Македонија како и претседателските кандидати.

Во истражувањето кое беше спроведено низ цела земја, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.