ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на митинзи во Тетово и Гостивар

Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската кампања и воедно кампањата за предвремените парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ централни митинзи ќе одржи во Гостивар и во Тетово, а претходно ќе имаат средби со граѓани во Желино, Боговиње и помал митинг во Теарце.