ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на втора средба во Брисел

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во среда по втор пат ќе се сретнат во Европскиот парламент во Брисел со посредство на тројката европратеници Вајгл – Кукан – Ховит. Тактиката и преговарачките стратегии се држат во тајност и во двете партии.

Првата средба се одржа на 30 март , а од двете партии се држат во тајност темите од разговорите. Иако јавно побараа да бидат вклучени во разговорите на средбата во среда нема да има претставник од ДУИ.