ВМРО-ДПМНЕ: И Шилегов и СДСМ продолжуваат да лажат

Петре Шилегов и СДСМ продолжуваат да лажат. Како што лажат за својата имотно состојба, така лажат и за сите други, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако неколку пати им беше децидно одговорено дека информациите, кои во форма на прашања ги кажуваат во јавност, се неточни и манипулативни, тие очигледно решиле да продолжат по истата насока.

„Шилегов овозможувал бизниси на богаташите на СДСМ, а денес продолжува да биде нивен нечист играч. Се крие зад прашања, манипулира и лаже. Тоа говори за него и за тоа на што се е спремен овој човек“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата сметаат дека СДСМ се надеваат на логиката дека ако една лага ја повторат 100 пати, таа лага ќе стане вистина. Тоа не може да биде така, бидејќи сите прозвани се произнесоа и најавија тужби, а граѓаните знаат да препознаат манипулација.

„Не кажа ниту еден одговор за тоа зошто им овозможувал бизниси на богаташите од СДСМ, не даде ни точен одговор како стекнал богатство од пола милион евра, но си продолжи да поставува прашања, а во нив да лаже, да суши. Шилегов е прочитан од граѓаните. Луѓето знаат дека овој човек е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се додвори на врвот на СДСМ“, велат од владејачката партија, од каде додаваат дека во  недостаток на програма, во недостаток на кредибилитет, нови луѓе и сработени дела зад себе, СДСМ очигледно сака кампањата да ја сведе на фрлање на кал на сите страни.

Ние нема да дозволиме да бидеме вовлечени во тоа, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.  Ние имаме дела зад себе, дела кои им помогнале на илјадници и илјадници луѓе, тие имаат зулуми и катастрофи, затворени фабрики и испокрадени луѓе.