ВМРО-ДПМНЕ им го честита Велигден на православните христијани

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во земјава им го честита најголемиот и најсветлиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

„Велигден е ден на радоста и најсветол ден. Христовото Воскресение ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла, да си помагаме еден со друг, да го почитуваме семејството, и да живееме во спокој и мир. Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели. Само во тој дух можеме да ја исполниме целта на сопствениот живот, но и да придонесеме кон благосостојба и напредок на другите околу нас, да придонесеме за просперитетна и духовно побогата Македонија“ се вели во честитката.