ВМРО-ДПМНЕ инсистира нацрт верзијата од договорот со Бугарија да биде достапна до сите парламентарни групи

Во вторникот пратениците, членовите и замениците членови на Комисијата за надворешна полтиика во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побараа Владата и Министерството за нaдврешни работи да достават нацрт од договорот со Бугарија пред тој да биде потпишанм потсети во средата Илија Димовски кој е и член на споменатата собраниска комисија

„Потенцирам дека инсистираме на тоа, поради тоа што тоа би бил единствениот начин како градиме консензус и инклузивност за стратешки и клучни прашања. Спремни сме разгледувањето на тој договор да биде и на затворена седница на комисијата доколку такво барање дојде од Владата или од Министерството за надворешни работи“, рече Димовски.

Повтори дека пратениците од неговата партија и коалицијата инсистираат пред да се склучи договорот за пријателство со Бугарија да има можност сите политички групации во Собранието да го видат, да дадат свои сугестии, препораки, искуства и занаења.

„Поради тоа што тој договор со Република Бугарија треба да биде стратешки договор, да биде договор којшто ќе гради добрососедство и договор кој што ќе гради доверба помеѓу граѓаните пред се на двете држави. Во таа насока криење на документот воопшто нема да биде во полза на ниту една од двете страни. Доколку Владата процени дека договорот сеуште не треба да го погледне целата јавност ние можеме да разбереме но врз основа на законските позитивни регулативи пратениците имаат можност да го погледнат и тој сеуште да остане во некаква рамка односно во процедура да не се влијае на можноста да се склучи конечно“, заклучи Димовски.