вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 53

ВМРО – ДПМНЕ: Тоа што СДСМ го потценува памтењето на народот скапо ќе го плати на изборите

Поврзани вести

Тоа што СДСМ го потценува паметењето на македонските граѓани многу скапо ќе го плати на следните избори, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Тоа што СДСМ го потценува паметењето на македонските граѓани многу скапо ќе го плати на следните избори.

Граѓаните уште добро паметат какви лажни ветувања даваше СДСМ во минатото. Да почнеме со градбата на железницата за Бугарија која ветија дека ќе ја изградат за една година. Или да го споменеме патот од Велес за Прилеп кој се сведе само на една фрлена лопата. Или на 15 септеври кога ветуваа по едно вработување во секое семејство, а оставија по еден човек без работа од секое семејство. Или ветувањето за расчистување со криминалниот октопод и обесштетувањето на штедачите од ТАТ.

Овие работи граѓаните многу добро ги паметат и знаат како Зоран Заев и Радмила Шекеринска громогласно ракоплескаа кога со нив СДСМ ја замајуваше јавноста. Впрочем Зоран Заев и продолжи во ист стил да лаже и да ветува 3 нови индустриски области со 300 производствени погони и 3000 нови работни места за третиот мандат, а од тоа остана само празна ливада.

Граѓаните не сакаат некој повторно да ги замајува и да ги лаже. Тие во 9 изборни циклуси по ред својата поддршка ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ затоа што знаат дека тоа што го ветува и го остварува. Доказ за тоа се илјадниците реализирани проекти од програмите на ВМРО-ДПМНЕ.

Градбата на новите студенстки домови ќе биде реалност и тоа ќе го спроведе влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Да сакаше СДСМ да направи досега нешто за студентското сместување ќе заковаше барем една шајка во студентските домови кога беше на власт или барем немаше да го запоседне објектот на министерството за образование за свој партиски штаб.

Залудни им се ваквите хаотични соопштенија на СДСМ. Народот нема да го прелажат со лист манипулации.

Прочитани сте. Изборите ќе бидат најголемата народна казна за вашата погубна политика.

Најчитани вести