ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува идејата за седница на Собранието за поплавите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата  „За подобра Македонија“ се приклучува на идејата за одржување седница на  Собранието на Република Македонија, со цел да ги разгледаме можностите како дополнително да се помогне и да ги дознаеме од прва рака сите активности и заклучоци што владините институции ги преземале за помш на граѓаните во поплавените скопски подрачја, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНМЕ е добро запзнаена со состојбата на терен, затоа што, како што рече, секојдневно поголема група пратеници се на терен директно во куќите, помагаат на луѓето, каква е и состојбата и денес,  ја знаеме маката на луѓето, ја знаеме целата загуба.

Апелираше до сите пратенички групи да не се злоупотребува собраниската седница за добивање политички поени, туку да се покаже солидарност.

Побара заклучоците од седнциата да бидат донесени со консензус од сите пратеници.

Димовски рече дека ќе ги разгледаат предложените заклучоци од страна на пратеничката група на СДСМ и оцени дека дел од нив се веќе реализирани или поминале на седници на Владата, а дел имаат и политичка конотација. Сепак додаде дека треба дополнително да се разгледаат.