петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува соработката со Ван Хауте поради неговите навреди кон Македонија и македонскиот народ

vmro-dpmne

Последни вести

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ информираат дека е донесена одлука да престане нивната соработка со посредникот Питер Ван Хауте.

Како што се вели во соопштението, одлуката е донесена по неговите навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на партијата кои учествуваа во изборите, како и омаловажувањата кон македонскиот народ и Република Македонија.

-ВМРO-ДПМНЕ долго време го толерираше неговото несоодветно однесување, делумно и заради фактот што после секоја изречена навреда или омалуважување, Ван Хауте се извинуваше како маче. За жал веднаш по барањето да му биде простено, следеа нови испади и нови навреди кон ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

Заради овие причини, ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да учествува на состаноци на кои што ќе присуствува и Питер Ван Хауте.

-Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ван Хауте од денеска е турист во земјава и може да му препорачаме да го посети Музејот на македонската револуционерна борба, стои во соопштението.

Најчитани вести