ВМРО-ДПМНЕ: Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања

Катица Јанева денеска ги потврди сите сомнежи на граѓаните на Република Македонија дека е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата намера да ја редефинира и федерализира Република Македонија како бинационална држава и да ја обвини Македонија дека е виновна и за спорот што го има Грција со нашето име и за сите останати отворени прашања со соседите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СЈО.

-Дека е тоа така, очигледно е и од последното интервју на аболицираниот Зоран Заев за Фокус каде тој ја најави денешната прес конференција до последен детал. Целта на денешната прес конференција на Катица Јанева беше само една, да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија нагласуваат дека Катица Јанева денеска не објасни како Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани.

-Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски. Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп комуникација за заштита и поддршка од чадорот, ниту скајп комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „Пучот“ кој бил подготвуван на Македонија, се вели во реакцијата.

Од владејачката партија потенцираат дека многу по чесно ќе беше кон граѓаните доколку Катица Јанева се кандидираше за носител на листа на СДСМ, наместо на овој начин да ја злоупотребува службената положба и овластувања.