ВМРО-ДПМНЕ: Каде неспособната Влада ги троши парите

Изградба на еден километар на нов автопат, во зависност од теренот, во просек чини околу 6 милиони евра. Во изминатите неполни три месеци СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигнаа 334 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со парите кои расипнички ги потроши неодговорната влада на СДС и Заев можеа да изградат автопат од 50-тина километри, што значително ќе го подобреше животот на граѓаните. Нов автопат нема, а ги нема ниту народните пари. Каде неспособната влада на Зоран Заев ги потроши парите? Ова е едно од многуте прашања кои секојдневно граѓаните ги упатуваат до владата на СДС, но одговор нема. Владата на Заев и министерот за задолжување Тевдовски за неполни три месеци ја задолжија државата за стотици милиони евра, од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Заев и неговите неспособни кадри пред интересите на граѓаните си ги ставија своите интереси. Нивен приоритет е да ги задоволат сопствените алчни апетити и затоа народните пари решија да ги искористат за луксузирање и покривање на партиските вработувања по државните институции. Неспособната и алчна влада на Заев поради негрижата за граѓаните на 15-ти октомври жестоко ќе бидат казнети и поразени“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.