сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

ВМРО – ДПМНЕ: Не може медиумите да бидат виновни за кадровските промашувања на Заев

vmro-dpmne1_1111

Поврзани вести

Денеска беше објавена пресуда. Наместо СДСМ да проговори и да каже дали пресудата е оригинална или фалсификат, СДСМ одлучи да го убива гласникот. Не може медиумите да бидат виновни за кадровските промашувања на Зоран Заев, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата на демантот на Александар Кирацовски.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува притисоците врз медиумите кои секојдневно ги практикува СДСМ.

Медиумите не смеат да трпат закани за својата работа. Нивна должност е да ја информираат јавноста. Јавноста има право да знае доколку има министер со криминално досие.

Денеска беше објавена пресуда. Наместо СДСМ да проговори и да каже дали пресудата е оригинална или фалсификат, СДСМ одлучи да го убива гласникот.

Не може медиумите да бидат виновни за кадровските промашувања на Зоран Заев.

Мора да бидат одговорени прашањата дали има или нема криминално досие заменик-министерот Кирацовски?

Дали имало или немало судски процес во Основниот суд Битола против него?

Дали Кирацовски е осуден или не е осуден за учество во тепачка?

Кој е тој Александар Кирацовски кој што во пресудата од Основниот суд Битола е прогласен за виновен?

Јавноста има право да знае. А најновата пресуда од народот ќе стигне за 149 дена, на 24 април.

Најчитани вести