Македонија,Политика

ВМРО ДПМНЕ: Како Шилегов успеа да заработи над половина милион евра?

Го прашуваме господинот Шилегов, како го стекнал овој имот? Кога успеа да заработи над половина милион евра за да поседува луксузна куќа, стан и автомобили, праша Сашо Трпевски од ВМРО ДПМНЕ откако деновиве беше објавено дека портпаролот на СДСМ поседува трикатна куќа, луксузни возила, а во неговата фирма зема минимална плата.

„Дали овој имот Шилегов го стекнал во времето кога ја вршел функцијата Претседател на второстепената комисија за одлучување по жалби за јавни набавки и кога им обезбедувал тендери на фирмите блиски до СДСМ? Тоа што Шилегов и СДСМ упорно молчат само ги  потврдуваат сомнежите дека Петре Шилегов не го стекнал своето богатство со обична плата, туку го стекнал на друг начин. Зарем СДСМ вака ја замислува средната класа во Македонија која ја промовира во својата програма“, вели Трпевски.

Очигледно, истакнува Трпевски,  дека по урнекот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска и Петре Шилегов успеал да стекне имот на крајно сомнителен начин, без притоа да даде одговор како успеал да го заработи.