ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за референдумот во интерес на граѓаните, откако ќе го слушне нивното мислење

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија која пред се делува во насока на заштита на македонските национални интереси и пред се сака да го слушне ставот  и мислењето на народот и токму затоа во овој период ги консултираме и ги прашуваме. Сакаме од што поголем број на граѓани да го слушнеме нивниот став за најбитното прашање во поновата македонска историја, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во вестите на Канал 5 одговарајќи на прашањето за ставот на партијата за референдумот за промена на уставното име на Република Македонија.

Посочи дека периодот има консултации и во внатрепартиските тела и органи за референдумот кој ќе се одржи на 30-ти септември за промена на уставното име на Република Македонија.

Јанушев  истакна дека партијата ќе го соопшти ставот пред македонската јавност кој ќе биде сублимат од анализи и консултации кои во моментот се прават.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.