ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски средства за да се спротистави на црните сценарија на Заев

Послушниците на криминалецот Зоран Заев немаат ниту еден аргумент со кој ќе го оправдаат предавничкото прифаќање на Тиранската Платформа и обврските кои ги има преземено кон нарко-мафијата што му помагаше на избори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Молчат и се надеваат дека народот ќе заборави и ќе им прости. Мислат дека народот ќе му прогледа низ прсти на криминалецот Заев и дека тој уште еднаш ќе биде амнестиран дури и ако се обиде да го погази Уставот и законите и формира паралелни институции. Насилниот и криминален избор на Претседател на Собрание ќе биде вовед во формирање на параинституции, акт кој го посакуваат сите негатори на македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски средства за да се спротистави на ваквите црни, антидржавни сценарија на криминалецот Заев.

Народот нема да седи и мирно да гледа како некој ја уништува и ја суспендира демократијата, Уставот и законите.

Граѓаните нема да дозволат Македонија да стане двојазична и федерализирана држава. Граѓаните ја сакаат Македонија унитарна и мултиетничка, а не федерализирана држава, на која судбината би и била неизвесна.

Единствена разврска која ќе биде во корист на сите граѓани се нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе му кажат на криминалецот Заев што мислат во врска со Тиранската Платформа.

Криминалецот Заев ова не го сфаќа и упорно сака да ја реализира Тиранската Платформа во спротивност со волјата на граѓаните.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди!