ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има одговорност за партизирањето на државата

Незаинтересираноста и негрижата на владата на СДСМ за граѓаните е сé поочигледна, па и Буџетот го составја како алатка за партизирање на државата, а за сето тоа ќе има одговорност, порачаа во четвртокот од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се истанува во соопштението, со редложениот ребаланс на Буџетот се кратат средства за капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, а исто таа нема зголемување на платата за 5 отсто за вработените во администрацијата. Покрај тоа, се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се крати милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните.

„Веќе е видлива големата нивна неспособност и големата потреба за расипништво. СДС преку ребалансот на Буџетот предвидува дополнителни средства за вдомување на партиските војници, комичари, поети, твитер ликови, шарени револуционери кои поседуваат партиска книшка на СДС, која пратениците на оваа партија ја нарекуваат втора лична карта. Ова само најавува дека најмалку стотици милиони денари, пари на граѓаните ќе се плаќаат нивните партиски војници“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се истакнува дека токму поради наведените причини во предложениот ребаланс на Буџетот се предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра повеќе од планираното.

„Токму затоа во ребалансот на буџетот нема пари за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите. СДС ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист“, се додава во соопштените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.