понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 16

ВМРО – ДПМНЕ: Кирацовски јавно го демонстрираше криминалниот начин на функционирање на СДСМ

VMRO

Последни вести

Најстрашно од се е што Кирацовски денес јавно го демонстрираше криминалниот начин на функционирање на неговата партија. Кирацовски украл лични податоци од институцијата во која што работи и ги доставил во неговиот партиски штаб. Ова е скандал кој потврдува дека СДСМ ги сфаќа институциите како погони во нивната Фабрика за Афери, обвинуваат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

Александар Кирацовски денес покажа како работи тој и неговата партија СДСМ,  без никакво познавање на законите, со лаги и манипулации и криминално.

„Спасувањето“ на администрација кое што денес си го припиша Кирацовски  е со закон утврдено уште пред Зоран Заев да го постави за дополнителен заменик министер. Оценувањето на вработените во адмнистрацијата годинава функционира само како пилот проект. Нема ниту казни, ниту награди, кои манипулативно не ги спомнува Кирацовски.

Толку од познавањето на Кирацовски од законите како и од познавањето на законите и од страна на неговата партија.

Кирацовски денес во стилот на СДСМ и на Чауш лажеше и манипулираше дека некого спасил од бркање.  Кирацовски е контрадикторен во лагите кои ги изнесува, па во еден момент кажува дека не дозволил административни службеници да изгубат работа, а во друг момент кажува дека најмалата оценка била 4, што значи дека или воопшто не ги познава законите за кои толку многу сака да зборува или пак свесно лаже, затоа што за да биде некој избркан од работа треба да добие 1. Кога веќе ги има документите кај себе нека каже колку службеници се оценети со 1. Доколку нема такви нека се извини на раководителите кои цело време ги етикетира со партиски војници, а доколку не излезе и каже колку службеници се оценети со најмала оценка тогаш заклучокот е дека безобзирно лаже цело време.

Менаџирањето со институции и вработени е нешто што Кирацовски допрва треба да го искуси и научи во пракса, со оглед дека неговиот работен стаж пред “дополнителното заменичко министерување” од ноември 2015-та година наваму изнесува точно 0 години, 0 месеци, 0 денови, 0 часови и 0 минути!

Најстрашно од се е што Кирацовски денес јавно го демонстрираше криминалниот начин на функционирање на неговата партија. Кирацовски украл лични податоци од институцијата во која што работи и ги доставил во неговиот партиски штаб. Ова е скандал кој потврдува дека СДСМ ги сфаќа институциите како погони во нивната Фабрика за Афери.

Најчитани вести