Македонија,Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Кире Наумов сам се демантира

Од владејачката партија потенцираат дека Кире Наумов сам се демантира. Од таму истакнуваат дека во понеделник тој  излегува и вели јавниот долг е 44 осто од БДП, сега излегува и вели дека јавниот долг е 40, утре ќе излезе и ќе каже дека јавниот долг е 38 итн.

„Но подобро е Наумов да каже колку е јавниот долг што го остави СДСМ. Во 2005 година кога заминуваа од власт јавниот долг беше 41,4 отсто. Зошто тоа не го кажува во јавност Кире Наумов?“, се прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека СДСМ мора да сфати дека податоците за Македонија дека е четврта најмалку задолжена земја не се само тврдења од Владата на Република Македонија. Ова го потврдуваат и релевантните меѓународни финансиски институции како Светската Банка и ММФ, како и сите кредитни агенции. Ако СДСМ се противи на овој факт,  тоа значи дека ја оспорува релевантноста на ММФ на кој СДСМ со години се повикуваше.