ВМРО-ДПМНЕ: Кланот Заеви од Струмица прават сопствен пашалак

Не можеме да се изначудиме до каде може да оди политичката заслепеност на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Наместо да го поздрават градењето на театарот во Струмца, тие го напаѓаат како и се друго што се гради.

СДСМ во континуитет се обидуваат да го попречат сите проекти и инвестиции кои што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сака да ги направи или пак да помогне да се направат во Струмица, заради свои партиски интерес, а директно на штета на граѓаните.

Зоран Заев заедно со кланот Заеви, Панче Орцев и Цветанка Иванова сакаат од Струмица да направат сопствен пашалак со цел да даваат и добиваат тендери едни на други. Во неколку наврати докажавме како Зоран Заев ја користи Струмица за сопствено богатење, богатење на своето семејство и неговите бизнис партнери.