сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 26

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ собира политички поени на тема економија, губат народот и државата

vmro-dpmne-2

Поврзани вести

Секогаш кога СДСМ се обидува да собере ситни политички поени на тема економија, губат народот и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Секогаш кога СДСМ се обидува да собере ситни политички поени на тема економија, губат народот и државата. Пред само еден месец СДСМ заткулисно заговараше девалвација, ја потпкопуваше довербата во денарот, нивните експерти ги советуваа граѓаните да не штедат во денари и да ги повлечат заштедите од банка.

Сето ова резултираше со загуба од преку 4 милиони евра по основ на камати од орочени депозити и претворање на штедните влогови од денарски во девизни. Загубија граѓаните затоа што СДСМ не знае економија, туку единствено знае како да предизвикува состојби на кризи и деструкција. Тоа е природната средина на СДСМ.

СДСМ веќе десет години се обидува во јавноста да ја наметне приказната за „грчко сценарио“. СДСМ на економски теми знае само да креира приказни и ништо повеќе од тоа. Една половина од државниот долг е направен во време на владение на СДСМ, пари кои се исплаќаат и ден денес, а со кои СДСМ направил едно големо ништо.

Најнормалните механизми за финансирање на буџетот, СДСМ сака да ги користи во рамките на нивните сценарија од Фабриките за афери. СДСМ го скандализира издавањето на државни хартии од вредност, а тие се воведени во време на СДСМ.  СДСМ го скандализира и истражувањето на пазарот на меѓународниот пазар на капитал за евентуално издавање на еврообврзница, а СДСМ ја издаде првата еврообврзница. Апсурд до апсурд.

Но народот памети и гледа. Никогаш како досега не се граделе автопатишта, регионални патишта, се модернизира железницата. Преку милијарда евра се инвестирани само во овие крупни инфраструктурни проекти. Се инвестира во образованието, се градат училишта, се инвестира во здравството, во нови лаборатории, медицинка опрема. Покачени се пензиите, социјалната помош, сега се исплаќаат субвенции.

Списокот на она што сега граѓаните го добиваат а не го добивале од државата во време на СДСМ е предолг. СДСМ единствено што направи за граѓаните е што ги излажа и за заштедите и ги олесни за преку 4 милиони евра.

Затоа СДСМ е онаму каде што е, и таму ќе остане и откако ќе собере храброст да се соочи со граѓаните на кои им создава кризи, ги лаже и манипулира – далеку од власта.

Најчитани вести