ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ зборува медиумска слобода, исто е како Ал Капоне да зборува за плаќање данок

Кога СДСМ зборува за медиумски слободи е исто како Ал Капоне да зборува за редовно плаќање данок или Заев да зборува за одбрана на името на Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на обвинувањата од опозицијата дека власта ја задушила слободата на медиумите за воспоставување на контрола.

СДСМ е единствената политичка партија која организираше протест пред приватен медиум упатувајќи закани заради уредувачката политика. СДСМ е единствената политичка партија која организираше протест пред националниот сервис заканувајќи се со насилно преземање на уредништвото на МРТВ. За СДСМ медиумска слобода има само кога во секој медиум ќе има по еден Саше Политико и сите медиуми ќе ги слушаат наредбите на нивниот центар за комуникации.

Овие наредби од СДСМ редовно се издаваат на нивните медиумски послушници финансирани од СОРОС, за што јавноста уште еднаш се увери со скандалот во кој беше вклучена НОВА ТВ и веста која по наредба на Центарот за комуникации на СДСМ се рашири на другите „сестрински“ медиуми. За СДСМ добар медиум е само медиумот кој ги игнорира нивните погубни политики и безидејноста и се сложува со нивните лаги и манипулации.

Ваквите медиуми им се потребни на СДСМ бидејќи во отсуство на соросовата психотерапија која ја конзумираат секојдневно, ни тие самите нема да си веруваат на сопствените конструкции. СДСМ се обидува да пласира бесмислени тези за немање медиумски слободи во период кога се отвараат нови дневници и неделници финансирани од СДСМ и Сорос. Нивните „театарче лево ќоше“ портали се репродуцираат како глувци, а половина национални тв концесионери променија уредници кои не биле доволно позитивно настроени кон политиките на СДСМ. Мувата е залепена на капата на СДСМ. И тие имаат медиумска слобода да го кажат тоа. Народот знае да препознае и народот ќе ги казни ваквите бесмислици на 24-ти април. Часовникот им отчукува.се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ