ВМРО-ДПМНЕ: Кој лаже, Зоран Заев или Арбен Таравари?

Доаѓа време за одговори! Граѓаните не сакаат политичари кои лажат кај ќе стигнат. Граѓаните не сакаат патолошки лажго како Заев да им ја води државата, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од партиското соопштение: 

Кој лаже, Зоран Заев или Арбен Таравари?

Кој ги манипулира гласачите и народот, Алијанса за Албанците или СДС?

Дали лаже Таравари кога вели дека побарале двојазичноста да се реализира експресно и Заев се согласил со тоа или лажеше Заев кога ја потпиша гаранцијата со која ја отфрли Тиранската Платформа?

Доаѓа време за одговори! Граѓаните не сакаат политичари кои лажат кај ќе стигнат. Граѓаните не сакаат патолошки лажго како Заев да им ја води државата.

Граѓаните оправдано се плашат дека криминалецот Заев е подготвен да ја реазлизира Тиранската Платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела кои ги извршил.

Секој ден неговите коалициони партнери излегуваат со изјави дека не се откажуваат од Тиранската Платформа, а ниту тој, ниту СДС ги демантираат таквите изјави.

Зар вака криминогениот СДС ќе ги брани националните и државните интереси на Република Македонија?

Зар ова го заслужуваат граѓаните на Република Македонија?

Зоран Заев е срам за македонскиот народ и држава.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните интереси. Разликите помеѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и анти-државното делување на СДС од далеку се видливи.

Криминалецот Заев и криминогениот СДС треба да знаат исто така дека за поткопувањето на унитарноста на државата се одговара пред законот, но и пред граѓаните на Република Македонија на избори, од кои упорно бегаат.

Криминалецот Заев и криминогениот СДС наместо да ги лажат и манипулираат граѓаните, работејќи на нивна штета, во најбрз рок да распишат редовни локални и предвремени парламентарни избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.