ВМРО-ДПМНЕ: Креираните материјали кои Заев очајно се обидува да ги прикаже како докази, се нелегално прибавени

Денешната изјава на Зоран Заев е само празен и несериозен обид да се оправда за финансиско коруптивните криминални случаи и аферата Пуч во кои е до гуша заглавен. Сигурни сме дека после некое време самиот Зоран Заев ќе се демантира како што до сега се демантираше за се што кажа. Не е суштината во тоа дали ќе се поднесат 1000 или 2000 страници хартија, туку дали тие имаат или немаат правна основа и аргументација.

За случаите кои се водат пред надлежните инстиутуции против Зоран Заев постојат непобитни докази, факти, признанија и правни аргументи, велат во писмената рекација ВМРО- ДПМНЕ за изјавата на Зоран Заев дадена пред Јавното обинителство.

Креираните материјали кои Заев очајно се обидува да ги прикаже како докази, се нелегално прибавени, преку противзаконско прислушкување кое го спроведувале неговите соработници на чело со Зоран Верушевски, а во соработка со странски служби. Тоа им е јасно на сите граѓани. Ова е факт кој Зоран Заев со ниту една монтажа или манипулација не може да го побие.

Првото тврдење на Заев кое беше главен столб на кој го потпираа своето сценарио, дека Груевски и Мијалков прислушувале им пропадна. Сите видоа дека е лага и дека всушност државниот врв е прислушуван. Затоа Заев се обидува да си пронајде нова патека за да излезе од калта во која е заглибан.

Јасна е намерата на Заев, кога веќе не може да ја придобие поддршката на граѓаните, преку конструкции и манипулации, да продолжи да го спроведува своето деструктивно сценарио со креирање дестабилизација, дигање тензии па дури и поттикнување насилство, само за да се добере до власт.

Ова сценарио е веќе прочитано. Заев ја доби пораката од граѓаните дека не му веруваат. Токму граѓаните ќе бидат тие кои политички ќе им пресудат конечно на Заев и СДСМ за лагите и деструктивните политки кои ги  прават спротивно на државните и националните интереси.