ВМРО-ДПМНЕ: Криминогената матрица на СДСМ никогаш не рaзмислувала како да придонесе за развој на државата и подобар живот на граѓаните

Криминалното раководство на СДС со години ги оштетува граѓаните на Република Македонија и се богати на нивен грб, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е политичка партија која својот централен штаб го има добиено во наследство од поранешната СКМ, за чија наследничка се прогласија и со тоа ги изиграа законите стекнувајќи се со имот од 3.583 м2, во центарот на Скопје. Централното седиште на партијата на ул. Павел Шатев во Скопје, како објект на државата од претходниот систем им припаѓа на сите граѓани на Република Македонија, а не на СДС“, потестуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Криминогената матрица на СДСМ, се истакнува натаму во соопштението, никогаш не рaзмислувала како да придонесе за развој на државата и подобар живот на граѓаните, односно СДСМ спордд нив секогаш била насочена кон црпење на што е можно повеќе ресурси за богатење на партијата и тесното раководство во врвот.

„Тоа го видовме и со приватизацијата кога милијарди евра капитал беа разграбани, а 200.000 работници останаа на улица. Тоа го видовме и со бомбона бизнисите, а сега го гледаме истото и со прифаќањето на Tиранската платформа“, се навдвува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.