сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 43

ВМРО-ДПМНЕ Куманово: Дамјановски го кочи проектот за изградба на спортска сала

petkovski-768x443

Последни вести

Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Куманово, на денешната прес-конференција обвини дека кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски свесно ги блокира инвестициите на Владата.

Петковски посочи дека Дамјановски овој пат ја оневозможува изградбата на училишната спортска сала во состав на средното училиште „Перо Наков“, истурен објект во поранешната касарана „Карпош“, која е дел од капиталнит владин проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, појасни дека претходно со потпишување на трипартитен договор помеѓу Министерството за образование и наука, средното училиште „Перо Наков“ и општина Куманово, општината се обврзала да обезбеди чиста локација за почеток на градба на училишна спортска сала. По шест месеци од воведувањето на изведувачот на салата во работа, според Петковски, градоначалникот се уште ги нема завршено своите обврски, ги нема отстрането времените објекти од локацијата каде треба да се гради салата и не ја дислоцирал постоечката подземна водоводна и канализациона инфраструктура.

Со тоа, додаде Петковски, се одложуваат активностите за изградба на спортски објекти со што би се обезбедиле современи услови за реализација на часовите по спорт и спортски активности за шестотини ученици, но и подобри услови за тренинзи на спортските клубови и за спорт и рекреација на локалното население.

– Иако, оправдувањата се секогаш исти-дали изборот на компанија изведувач на работите е при крај, Зоран Дамјановски е должен да даде одговор на прашањето-кој е вистинскиот мотив да ги држи во заложништво учениците?Дали причината е тоа што оваа активност е всушност ветување и дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ или пак причината е што не постои можност да присвои дел од инвестицијата вредна 24 милиони денари, праша Петковски.

Тој додаде дека Дамјановски работи неодговорно, недомаќински и деструктивно и наместо во интерес на граѓаните, работи во интерес на неговата партија СДСМ и личните интереси на партиските функционери.

Петковски нагласи дека ова се потврдило во многу наврати досега, а најфрапантен досега, според него, е податокот кој беше обелоденет вчера за тоа колку кумановци ги чини бесплатниот автобуски превоз за учениците од општината кои живеат на одалеченост на повеќе од два километри од училиштето.

Најчитани вести