ВМРО-ДПМНЕ Куманово повика на смиреност и верба во државата

По повод немилите настани кои се случуваат денеска во Куманово, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на прес-конференција повикаа на смиреност.

Велат дека во овој момент сите треба да размислуваат со трезни глави и конфликтите што побрзо да се решат.

-Им даваме целосна поддршка на институциите на државата, на припадниците на Министерството за внатрешни работи како единствено надлежни и повикани во дадената ситуација. Ги повикуваме сите граѓани да не наседнуваат на провокации што се шират низ одредени медиуми и на социјалните мрежи. Да имаат доверба во државата и во легално избраните институции на државата, изјави Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Петковски вели дека желба на сите е што побрзо да заврши акцијата, да се воспостави редот и мирот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.