ВМРО-ДПМНЕ: Лажните некролози за смртта на Аџиев е најгрозоморното нешто што СДСМ може да го смисли

„Лажните некролози за измислената смрт на господинот Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, е најгрозоморното нешто што луѓето на СДСМ можеле да го смислат и спроведат,“ велат од ВМРО ДПМНЕ и прашуваат Каде оди СДСМ? По кој пат тргнала? Зар вака имаат намера да си ја повратат довербата од граѓаните?

„После неколку месеци на ниска кампања испреплетена со многу подметнувања, сплеткарења, лажни претставувања, манипулации и лаги, нам ни е јасно дека во СДСМ нема компас. СДСМ, за жал, нема разум и мудрост, но има фрустрации и омраза. Своите неуспеси ги гледаат во сите други, а треба прво да ги пронајдат во себе.Во ова однесување на СДСМ нема елементарна човештина и елементарна култура. Срамота !!!Бараме од СДСМ, јавно да се извинат за сите хајки и подметнувања што ги сторија кон господинот Томе Аџиев. Не нам, треба да се извинат на Аџиев, но и на сите граѓани. Така бар ќе покажат дека целиот морал не им заминал во неповрат,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.