четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 51

ВМРО – ДПМНЕ: Празните ливади во Струмица говорат за (не)способноста на Заев

Граѓаните ги гледаат и празните ливади во Струмица кои Заев ги нарекува индустриски зони. Тоа доволно говори за (не)успешноста на општина Струмица и (не)способноста на нивниот партиски лидер, се вели во соопштението на владејачката ВМРО - ДПМНЕ.

vmro-dpmne1_1111

Поврзани вести

Граѓаните ги гледаат и празните ливади во Струмица кои Заев ги нарекува индустриски зони. Тоа доволно говори за (не)успешноста на општина Струмица и (не)способноста на нивниот партиски лидер, се вели во соопштението на владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Граѓаните ги гледаат десетиците фабрики низ цела Македонија и илјадниците  нови работни места. Граѓаните ги гледаат новите возови, автобуси, реконструирани и изградени училишта, болници, градинки и стотици други проекти реализирани од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, граѓаните исто така ги гледаат и празните ливади во Струмица кои Заев ги нарекува индустриски зони. Тоа доволно говори за (не)успешноста на општина Струмица и (не)способноста на нивниот партиски лидер.

Граѓаните се мудри. Знаат да препознаат кој работи во нивен интерес, а кој лаже. Едно е сигурно СДСМ и Зоран Заев не се тие кои што работат во интерес на граѓаните. Тоа СДСМ најдобро ќе го види на изборите на 24 април.

Најчитани вести