ВМРО-ДПМНЕ: Само во Македонија се апсат луѓе поради политички ставови

Македонија е заробена држава благодарение на хунтата и единствена држава во демократска Европа каде во 21 век сеуште се апсат луѓе поради изразени политички ставови, се вели во денешното сооштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Македонија е единствена држава која се стреми да се интегрира во евро-атланскте институции со политички затвореници во своите затвори.

Судот без никаква причина во притвор смести уметници, актери, режисери, лекари, пратеници, полицајци и вистински професионалци во својата дејност луѓе, кои ја бранеле честа и боите на Македонија во полето каде се најуспешни. Овие луѓе се во притвор само поради различните политички ставови со еден човек, Зоран Заев. Судовите и државните институции се целосно заробени и работат по диктат на хунтата која го погазува Уставот и го користи судството и институциите за влевање на страв на сите патриоти кои си ја сакаат сопствената држава. Партиското судство без никакви аргументи по налог на хунтата монтираат случаи за тероризам против родуљуби и патриоти, луѓе кои дале незамислив придонес за македонското општество, стои во партиското соопштение.

Правната држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

  1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
  2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
  3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.