Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е горда што сесловенското просветителство почна од тукa

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители,  светите браќа Кирил и Методиј.

„Денес Македонија го чествува ликот и делото на сесловенските просветители кои оставија траен белег не само во македонската култура и историја, туку и во европската цивилизација. Нивниот придонес во описменувањето и културното издигање низ Европа е дело должно за почит. Македонија е особено горда на фактот што искрата на сесловенското просветителство започна од тука. Светите Кирил и Методиј со своето лик и дело вечно ги задолжија сите словенски народи и воопшто, европската и светската култура и цивилизација. Наша обврска е да го продолжиме нивниото дело, да продолжиме да го негуваме и зачуваме нашиот јазик, традиција и идентитет. Сите ние имаме аманет да дадеме свој придонес и во ова време за преку развојот и промоција на образованието и науката, да продолжиме по патот кој тие ни го  дадоа и понатака да придонесуваме кон збогатување на културната ризница на Европа“, се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.