Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија според сите показатели на релевантни меѓународни институции останува меѓу најниско задолжените земји во Европа

„Оној што ништо не прави, ниту направил кога имал шанса да направи му е најлесно да критикува. Таква партија е ЛДП.“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ЛДП.

„ЛДП во 2005 година беше дел од владината коалиција предводена од СДСМ. Ова е времето кога во Македонија ништо не се градеше, кога камен на камен не се стави, кога странските инвеститори не заобиколуваа, а невработеноста достигна рекордни над 37 отсто.“,, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги прашуваме ЛДП што направија тие кога имаа прилика и кога имаа одговорност?

Дали ЛДП се против изградбата на патишта, дали се против изградбата на болници, на училишта, на градинки, на набавка на медицинска опрема,  инвестирање во изградба на нови индустриски зони и отварање нови фабрики во индустриските зони, на отварањето на нови работни места, дали се против повисоките пензии и социјална помош, дали се против субвенциите за земјоделците.““, прашуваат од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ води одговорна политика и ги инвестира парите во конкретни проекти. За ЛДП да бидат свесни колку се инвестира во Македонија ќе им ги споменеме само трите автопати кои се градат, Демир Капија – Смоквица, како и од Миладиновци до Штип и Кичево до Охрид во вредност од 790 милиони. Изградба на три автопати никогаш не се случило во нивно време.

И покрај сите овие инвестиции кои се реализираат во Македонија, земјата според сите показатели на релевантни меѓународни институции останува меѓу најниско задолжените земји во Европа.“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.