ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на СДСМ не може да ја затскријат нивната хаотичност и површност

Упадот во автономијата  на универзитетот го прави токму СДСМ, и тоа прво со манипулацијата која ја ширеа дека студентите ќе полагаат екстерно тестирање, а не државен испит, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека СДСМ безизлезно се обидува да креира раздор во студентското движење, преку организирање на партиски собири потпомогнати со организации финансирани од СОРОС, кои на јавноста сакаат да ги претстават за студенско независно движење.

„Паралелата е едноставна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има намера да воведе реформа која ќе значи ценење на квалитетот во образованието, СДСМ поради личен партиски интерес тоа не го прифаќа и го минира организирајќи протести и злоупотребувајќи ги студентите за кои практично не се однесува оваа реформа, која ќе започне со имплементација дури во 2017. Оттука многу лесно може да се воочи кој е за студентите, а кој против нивните интереси. Жално е што СДСМ во недостаток на поддршка кај народот, манипулирајќи со студентите, сака да создава лажна еуфорија, но јасно е дека студентите увидоа дека СДСМ ги лаже, и сега таканаречените студентски пленуми, финансирани од СОРОС со стотици илјади евра, се сведуваат само на нивни активисти. Токму затоа на штипскиот универзитет од 20 илјади студенти излегоа на протест само 60-тина. Ние ги разбираме фрустрациите на СДСМ, но вакви манипулации не може да ја затскријат нивната хаотичност, неодговорност и површност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.