петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 53

ВМРО – ДПМНЕ: Наместо да одговори на прашањата, СДСМ ги осуди медиумите

vmro-dpmne1_1111

Поврзани вести

СДСМ вчера ги осуди медиумите наместо да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста, се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста.

Интегрален текст од соопштението:

СДСМ вчера жестоко се пресметуваше со медиумите кои си ја вршеа работата, како тие да им се виновни за тепачката во која едно лице е избодено со нож.

СДСМ вчера им се закануваше на медиумите како медиумите да номинирале функционер со насилен криминал зад себе.

СДСМ вчера ги навредуваше медиумите како тие да имаат дебели криминални досиеја, а не функционерите на СДСМ.

СДСМ вчера ги осуди медиумите наместо да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста.

Дали има или нема криминално досие заменик-министерот Кирацовски?

Дали имало или немало судски процес во Основниот суд Битола против него?

Дали Кирацовски е осуден или не е осуден за учество во тепачка?

Дали во тепачката на едно лице со нож му е пробиено левото белодробно крило?

Кој е Александар Кирацовски кој што во пресудата од Основниот суд Битола е прогласен за виновен и е осуден на три месеци условна казна затвор?

Не постојат прашања кои не заслужуваат одговор. Се ближи 24 април и граѓаните ќе ви го дадат истиот одговор кој ви го дадоа после референдумот со кој и нанесовте штета на Република Македонија.

Најчитани вести