ВМРО – ДПМНЕ: Mенувачницата на Вицето e eдинствената успешна економска приказна на СДСМ

СДСМ нема лице да зборува за инвестиции кога единствената нивна успешна економска приказна е менувачницата на Вицето. Бројот на странски инвестиции во нивно време е нула. Бројот на избркани луѓе на улица е 200.000. Бројот на странски инвестиции кои ги овозможи владата на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од 50. Бројот на отворени нови работни места е повеќе од 140.000, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за инвестициите во Радовиш.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

СДСМ повторно е во кавга со бројките и фактите.

Во 2006 година во Радовиш и околината имало 4.464 вработени. Денес бројот на вработени е зголемен речиси за 50% и изнесува 6.268 лица.

Жителите на Општина Радовиш добро го паметат СДСМ во чие време се затворени Јака табак, Јака 80, Бетон, Тргоснабдител, Декортекс, ЗИК –радовишко поле. Жителите на Општина Радовиш знаат дека поради деструктивната политика на СДСМ од Општина Радовиш се иселија младите.

Ова се бројките и фактите поради кои СДСМ е во паника и се служи со лаги и манипулации.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ постојано работи и вложува во Општина Радовиш.

Еве само дел од владините проекти кои се реализирани или во фаза на реализација во Оштина Радовиш.

-Основање на ТИРЗ зона „Радовиш“  и изградба на I фаза

-Реконструиран и асфалтирани се бројни локални патишта

-Изградени се и асфалтирани бројни улици во општината

-Изградена училишна спортска сала – ОУ„Крсте Петков Мисирков“

-Изградено мултифункционално спортско игралиште во ОУ „Никола Карев“

-Изградени тениски терени

-Нова училишна зграда на ООУ „Никола Карев“

-Нова училишна зграда на ООУ „Крсте П.Мисирков“

-Нова училишна зграда на подрачното училиште на ООУ “Орце Николов“ во с.Злеово

-Реконструиран  културниот дом во село Ораовица

Ова се дел од проектите кои се реализирани или во фаза на реализација од страна на локалната самоуправа:

-Реконструиран Здравствениот дом Радовиш со инвестиција вредна 13.500.000 денари

-Дониран е и 3Д Ехо апарат, а во постапка е и набавката за мамограф преку Министерството за здравство

-Локален пат Калугерица-Подареш

-Изградба на училиште во с.Покрајчево

-Канализација во с.Ињево и с.Покрајчево

-Изградба на атмосферска канализација во УБ 26

-Изградба на фекална канализација во Раклиш

-Изградба и асфалтирање на улици во градот и населените места

-Изградени се детски катчиња и детски паркови оплеменети со детски реквизити и урбана опрема

-Изградени се мултифункционални игралишта

-Изградени се мостови на Ињевска,Ораовичка и Радовишка река

-Хортикултурно е уреден централниот дел од  булеварот Александар Македонски

СДСМ нема лице да зборува за инвестиции кога единствената нивна успешна економска приказна е менувачницата на Вицето. Бројот на странски инвестиции во нивно време е нула. Бројот на избркани луѓе на улица е 200.000.

Бројот на странски инвестиции кои ги овозможи владата на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од 50. Бројот на отворени нови работни места е повеќе од 140.000.

Народот тоа го знае и за 140 дена ќе ги казни ваквите манипулации на СДСМ. На 24 април доаѓа десеттиот пораз по ред за СДСМ.