ВМРО-ДПМНЕ: Mилионска зделка во четири очи за РЕК Битола

За наводната итна зделка се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Милионскиот скандал кој го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола ќе се исплати директно од џебот на граѓаните, регира ВМРО-ДПМНЕ по информациите за потпишаниот договор во четири очи за ископ на јаглен меѓу РЕК Битола и „Пелистер”.

„Политичкиот прогон и судските монтировки се очаен обид на владата на СДСМ да ја прикрие својата неспособност, корупција и расипништво. Ова е класичен обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните политики кои СДСМ ги води на секое поле, министрите и нивните функционери од ден во ден влегуваат во сѐ поголеми скандали пред очите на целата јавност без да преземат одговорност.

Владата на СДСМ мора да започне да се грижи за потребите на своите граѓани и да запре со политичкиот прогон на политичките неистомисленици. Треба да се сопре со сомнителните зделки и расипништвото кои се на штета на граѓаните. Треба да се започне со остварување на предизборните ветувања кон граѓаните. Македонската економија мора повторно да заживее и да се спречи катастрофалниот пад на стандарот на живеење на македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.