ВМРО- ДПМНЕ: Мирни, фер и демократски избори

Од штабот на ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека овие избори биле најмирните, најдемократските и најслободните избори.Генералниот впечаток е дека атмосферата во текот на гласањето помина во најдобар можен ред.

„Имаше мали технички неправилности во однос на недостаток на документација, но во помали димензии. Генералниот впечаток е дека имавме фер, слободни и демократски избори,“ изјави Илија Димовски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на инцидентот на Радмила Шеќеринска со Амди Бајрам, Димовски истакна дека ќе остави институциите да кажат што е вистина, бидејќи двете страни имале своја верзија на настанот.