среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 23

ВМРО-ДПМНЕ: На 11 декември СДСМ ќе мора да се соочи со народот за кризата што ја предизвика

Не минуваат апсурдните изговори, писмата до амбасади и неразумните предлози. СДСМ ќе мора да излезе на избори на 11-ти декември да се соочи со народот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ ќе мора да го видат и доживеат мислењето на граѓаните за двегодишната криза во која што ја втурнаа земјата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

133376785

Поврзани вести

„СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе мора да се соочат со казната од граѓаните за сета деструкција и за блокирањето на сите процеси и проекти кои го подобруваат животот на секој човек во Македонија. Како што наближува датумот за одржување на парламентарните избори и крајот на кризата, така сѐ поголеми и поголеми се стравот и паниката во СДСМ. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека на 11-ти декември народот ќе избере програма и проекти, а не деструкција, криза и манипулации. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека е до ѕид и веќе нема бегање од судот на граѓаните. Целата јавност беше сведок на измислените оправдувања на СДСМ за бегање од избори околу наводните 500.000 фантоми во избирачкиот список и нефункционалноста на АВМУ. Целата јавност беше сведок и дека токму ВМРО-ДПМНЕ инсистираше и инсистира на избори како единствен начин за излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија. Се прочисти списокот и тој е речиси идентичен со списокот од кој СДСМ загуби со 200.000 гласови разлика пред две години. Формирано е и ад хок-тело. Бегање од избори за СДСМ веќе нема“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести