ВМРО-ДПМНЕ: На Mакедонија и треба вистински граѓански сектор и десороизација

десороизација

Тие се наследниците на Милчин кој нема никаков проблем да седи во највисоките раководни тела на СДСМ, а себе си да се претставува како неутрален и објективен дел од граѓанскиот сектор. Јасно е како бел ден дека нивните платенички револуции или пленуми, исто како и нивните невладини организации не ги интересира ниту граѓанското општество, ниту просперитетот на државата, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава „ваквите луѓе ги интересираат само нивните банкарски сметки и функциите и оти поради тоа, како што се истакнува, се подготвени да напаѓаат и повредуваат полициски службеници, да палат, демолираат и уништуваат“.

Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат интересите на граѓаните. На Македонија и треба вистински невладин сектор кој ќе ги препознае потребите на граѓаните и вистински ќе се бори за нив. На Македонија не и требаат платеници кои заради нечија политичка агенда ќе спроведуваат валкани насилни кампањи. Токму затоа е неопходен процесот на десоросоизација на македонското општество, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.