ВМРО-ДПМНЕ: На пензионерите им се крати зголемувањето од пет проценти

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно обвини дека од септември пензионерите нема да добијат покачување за 2.100 денари, туку за 180 денари со што им се скратува планираното зголемување за 5 проценти.

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за финансии оцени дека за СДСМ пензионерите никогаш не биле категорија на граѓани за која воделе грижа.

– Претходно кога СДС беше на власт на пензионерите им укина по 8 проценти од пензиите, сега за 4 проценти им го укинува планираното покачување на нивните пензии. За време на СДС на власт просечната пензија беше 7.684, а со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ таа се зголеми на 13.755 денари, рече Стаменковска.

Таа додаде дека во време на ВМРО-ДПМНЕ биле зголемени пензиите и биле донесени мерки за подобрување на нивниот живот како банско климатска рекреација, бесплатен превоз со воз, попуст за посета во културните институции и слободен пρевоз со градсκи автобуси.