ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им преостанува само да плукаат по оние кои што умеат да работат

СДСМ стануваат се понервозни како поминува времето. Тие не само што немаат да кажат што направиле добро за граѓаните, туку и денес тие сеуште немаат идеа што да им понудат како програма и проекти. Токму затоа на СДСМ им преостанува само да плукаат по оние кои што умеат да работат и да ги девелвираат нивните дела, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ОО на СДСМ Прилеп.

 Колку и да не сака да слушне СДСМ еве ја вистината за тоа што се е направено за Прилеп од страна на Владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ:

Доделени се преку 100 милиони евра субвенции за тутунопроизводителите во прилепско.

Доведени се странски инвестиции, а ќе ги споменеме само Гентерм која ќе врабтоти голем број невработени лица од Прилеп и Филип Морис која ќе стане стратешки партнер на Прилепкиот Тутунски комбинат.

Изградена е трета лента на патниот правец на Плетвар.

Решено е водоснабдувањето на градот Прилеп.

Изградени се десетина локални патни правци.

Се обезбедуваат 75 станови за социјално загрозени семејства во Прилеп.

Се реконструираа училиштата во Прилеп, а се изградија или се градат 4 спортски сали.

Ова се само дел од проектите кои зад себе ВМРО-ДПМНЕ ги остави за Прилеп и прилепчани. Дури и невработеноста со која СДСМ дрско манипулира е намалена во споредба со времето на СДСМ. Ако во време на СДСМ таа изнесувала речиси 25.000 невработени лица, таа денес е намелена на околу 15 000 и има тенденција уште да се намалува.

Ова е големата болка на СДСМ. Фактите покажуваат, а прилепчани знаат да препознаат кој работи за нив, а кој не. СДСМ не може да се помири со фактот дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет работи во интерес на граѓаните и ги реализира сите оние проекти кои тие или не можеле или не сакале да ги спроведат, бидејќи беа зафатени со осиромашување на населението и раскрчмување на општествениот капитал. Ако може по нешто да го запомнат прилепчани СДСМ, тогаш тоа е по недавањето ни денар субвенции за тутунарите, палењето на тутунот, тепањето на земјоделците, затворањето на поголемите фабрики и оставањето на улица на илјадници работници.

Ете тоа е придонесот на СДСМ за Прилеп. СДСМ 9 изборни циклуси не ја добива довербата на граѓаните, а поради ваквата деструктивна политика ќе загуби катастрофално и на престојните избори во април посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.