ВМРО – ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Богојавление – Водици упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија.

„Празниците се мигови кои ги зближуваат луѓето и се темелот на нашата традиција. Овој ден е ден кој симболично го означува духовно раѓање и прочистувањето на човековата душа. Преку него одново се навраќаме на нашите вредности базирани на хуманоста, солидарноста и милосрдието и ја зацврстуваме нашата вера. Верата во Бога е верба во подобра иднина, а секој од нас е силен чинител и градител на нашето заедничко утре“ , стои во честитката што владејачката партија денес ја упати во јавноста.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.