ВМРО-ДПМНЕ најавува рестартирање на пропаднатите фабрики од 90-те

Изборната програма, опфатена во 500 страници под наслов „Реално“ е програма која што е наменета за сите граѓани на Република Македонија, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Посебно значаен е проектот Рестартирање на стопанските капацитети – Жртви на транзицијата.

Со цел рестартирање на стопанските капацитети кои беа опустошени во транзицијата во 90-тите, инвеститорите кои ќе стекнат сопственост на имотот на овие друштва со цел да ги рестартираат и стопанисуваат од државата ќе добијат пакет за да ги издигнат и да вработат многу луѓе, рече Груевски.

Пакетот обезбеден од Буџетот на државата предвидува:

2.000 евра за секое ново работно место, а за вработен стечаец 4.000 евра, под услов работникот да се задржи на работа минимум 5 години.

Финансиска помош, за адаптација, реконструкција, набавка на машини и опрема, во износ од 10% од инвестираната вредност, максимум 500.000 евра.

Ослободувања од плаќање на данок на добивка 2 години, и од персонален данок и социјални придонеси 3 години, доколку вработените ги задржи на работа најмалку уште 3 години.

Обезбедување на обуки, прекфалификации и професионално усовршување и други поволности.

Сето ова е предвидено да биде на товар на државата, за доброто на граѓаните кои се жртви на транзицијата од 90-те.

Има голем број на компании, вели Груевски, кои ќе бидат опфатени, како што се: Центро, Дел од МЗТ, Хемтекс, Млаз Богданци, Јака Табак Радовиш, Фабрика за Кабли Неготино, Фринко Битола, Еуро Ламинати Прилеп, Санкерам Струмица, Диос Струмица, Типо, Жито Вардар Велес, Шик Јелак Тетово, Винка Виница, Улмак Берово, Кимико Струга, Велес Табак, АМАК СП Охрид, КАРПОШ ТКАЧНИЦА Крива Паланка, и други објекти за кои се водат стечајни постапки, истите се завршени или се при крај.

Посебен фокус ќе имаат следните 9 кумановски фирми, град кој е посебно погоден од жртви на транзиција: Кожарата-Куманово, Тутунски Комбинат Куманово, Житомел, Кланица и Ладилник Куманово, Сточарска Фарма Куманово, Кен Куманово, Жито Нама, Искра Куманово и Фудс Куманово. Со овој проект сакаме да помогнеме за рестартирање на овие капацитети, и да овозможиме голем број нови вработувања, но и враќање на работа на дел од стечајните работници, порача Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.