ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди вербалниот напад врз Пендаровски

ВМРО ДПМНЕ најостро го осуди вербалниот напад што денеска попладне се случил врз кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски во скопско Лисиче.

„Ги повикуваме институците веднаш да ги најдат и казнат сторителите. Се работи за изолиран случај кој треба и мора да се казни“, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ претходно соопшти дека Пендаровски бил вербално нападнат од, како што тие тврдат, партиски активисти.