ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се извини за доцењето на исплатата, СДСМ се фали со веќе завршена работа

Добро е што конечно ќе бидат исплатени средствата на вработените во Министерството за одбрана за претрпените штети од поплавите минатата година, а средствата за отштетета од поплавите беа обезбедени уште пред да се распишат изборите, но со оглед на законските прописи не можеа да бидат исплатени, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на државниот секретар во Министерството за одрана, Драган Николиќ кој претходно во вторникот го објави исплаќањето.

„Малку е чудно што СДС наместо да се извини за доцнење со реализацијата денеска излезе да се пофали и го игнорираше фактот дека целата работа е завршена и заокружена уште пред тие да влезат во МО“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Владата предводена од нив реализираше бројни проекти за подобрување на условите и стандардите на Армијата, како целосно решавање на статусот на сегашните и поранешните професионални војници, реконструкција на објекти во касарната „Илинден“, модернизација на регионалниот центар за односи со јавноста, Надградба на зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Центар за обука на пилоти, Институт за сајбер-одбрана во духот на концептот на НАТО за паметна одбрана и многу други проекти и мерки.

„Редно време е СДС да престанат да глумат опозиција и време да се фатат за работа и да започнат да ги решаваат реалните проблемите на граѓаните“, порачуваат ВМРО-ДПМНЕ.