Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да вергла во место, СДСМ нека излезе во јавност со доказите

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да вергла во место, СДСМ нека излезе во јавност со доказите

Свесни дека и денес како и веќе 2 месеци наназад, некој од опозицијата ќе излезе да се сили со бомби, да се храбри, да се удира во гради со разни неартикулирани напади врз нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ овојпат превентивно го повикува раководството на СДСМ, по трет пат во последните две недели, слободно да објават што имаат во јавноста, доколку воопшто нешто имаат, наместо верглања во место како што практикуваат, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поучени од искуството досега и начинот на тоа како тие функционираат, знаеме дека ќе реагираат дека сме нервозни, но јавноста гледа дека денес единствено СДСМ е нервозна откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази. Единствени два збора кои постојано ги слушаме од СДСМ се бомба и стратегија. Тие веројатно и денес ќе кажат дека ќе објават согласно нивната стратегија. Но површноста, инаетот, манипулациите и празното силење и да се наречат стратегија никогаш нема да се стратегија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.