ВМРО – ДПМНЕ : Нападот на СДСМ против судството е одбрана на криминалот на Заев

Нападот на СДСМ против судството е всушност одбрана на криминалот на Зоран Заев и неколку луѓе од раководтсвото на партијата. Ова СДСМ го прават свесно и систематизирано за да се одбранат од институциите кои имаат обрвска да постапуваат по предмети за криминал на Заев или на било кој друг, реагираат денеска од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

„Тие се обидуваат свесно да го дерогираат системот во Македонија, за да можат неаргументирано да ги критикуваат сите судски пресуди за криминалите во кои се замешани Зоран Заев и раководството на СДСМ. Во изминатите неколку години направени се огромен број законски измени и реформи со цел да се зголеми професионалноста во судскиот систем, континуирано да се подобрува ефикасноста и квалитетот на работата на судовите. Сме се соочиле се предизвиците и се справуваме со нив. Свесни сме и ние, но и граѓаните, каков судски систем наследивме од СДСМ“ , соти во соопштението што денеска ВМРО – ДПМНЕ го упати во јавноста.

Од владејачката партија велат дека токму СДСМ беше партијата која во Собранието директно изгласа 617 судии во само една ноќ, сите според листата на подобни судии која ја правеа во нивната партиска централа. Истите тие партиски инструирани судии потоа молчеа за грабежот на општетсвениот капитал, за криминалната транзиција и богатењето на партиската олигархија на СДСМ.